X
 29.02.2016 Наука

Научниците пресметале кога ќе умре универзумот

Диего Саез-Гомез од Универзитетот во Лисабон заедно со своите колеги пресметале дека универзумот би можел да умре многу порано од претходните прогнози. Но, нема причина за паника. Универзумот ќе умре еден ден, а тоа е факт кој го тврдат сите научници. Сепак, не се знае кога точно би се случило тоа.


Набљудувањето на галаксиите и ѕвездите покажуваат дека ширењето на универзумот забрзува, а ако таа брзина остане постојана, ѕвездите ќе се изгасат еден ден и сè ќе се оддалечи едно од друго и целиот универзум ќе се излади.

Второ можно сценарио кое се предвидува е тоа дека со ширењето универзумот ќе ја зголеми темната енергија до момент кога ќе се распадне простор-времето, а универзумот едноставно ќе престане да постои. Ова сценарио би можело да се реализира за 22 милијарди години.

Може ли универзумот да умре порано?

Диего Саез-Гомез од Универзитетот во Лисабон со колегите работел на неколку сценарија за конечниот крај на светот. Тие анализирале поблиски галаксии и супернови и откриле дека распаѓањето на простор-времето би можело да се случи за околу 2,8 милијарди долари.

Научниците велат дека би било речиси невозможно универзумот да умре порано бидејќи Сонцето има енергија за уште околу 5 милијарди години, пренесува „New Scientist“.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука