Неодамна беа претставени првите фотографии направени со вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“. Тие се најјасните од далечната вселена досега.
Американската вселенска агенција НАСА сега објави споредба на фотографии од „Џејмс Веб“ и неговиот претходник „Хабл“. Фотографиите се од маглината Кобилица, која се наоѓа на околу 7.500 светлосни години од Земјата.
Таа покажува колку е помоќен „Џејмс Веб“ во споредба со „Хабл“. За разлика од „Хабл“, кој најмногу гледа светлина која е видлива и за нас, „Џејмс Веб“ гледа инфрацрвена светлина, што му овозможува да гледа подалеку во универзумот.
Извор:
Mashable
Насловна фотографија: Twitter