X
 25.09.2020 Наука

Слушнете ја симфонијата на ѕвездите од нашата галаксија во изведба на три телескопи на НАСА

Неверојатни слики од вселената што НАСА повремено ги објавува најдобро покажуваат колку е прекрасна вселената. Но, што кога сликите на илјадници ѕвезди ќе ги претворите во музика?

Без оглед на тоа од кој дел на Земјата се набљудува, ноќното небо само по себе е импресивно. Илјадници ѕвезди и планети што ја сочинуваат нашата галаксија создаваат уникатно искуство. Но, што кога небесните тела ќе ги претворите во музика?

Податоците од телескопите што го набљудуваат центарот на нашата галаксија НАСА ги претвори во небесна симфонија. Тоа го направи така што собраните податоци од телескопите биле претворени од светлосни во звучни сигнали.

Сонификацијата на податоците е процес со чија помош податоците од бинарниот код се преведуваат во звук, а не во боја.

За НАСА да му даде контекст на аудиото, тонот и јачината на звукот биле одредени според позицијата и осветленоста на ѕвездите пронајдени на сликите од центарот на Млечниот Пат. На ѕвездите и на одредени извори на светлина им биле доделени одделни ноти, додека на облаците им биле доделени атмосферски звуци.

Таа симфонија завршува кога ќе стигне до црната дупка „Стрелец А“, која има маса еднаква на 4 милион маси од нашето Соне. Иако станува збор за кратка симфонија, таа всушност покрива област на нашата галаксија со должина од 400 светлосни години, а се наоѓа на 26.000 светлосни години од Земјата.



Изведувачи на оваа симфонија се телескопите Хабл, Спицер и Чандра и секој од нив има свој инструмент преку податоците што ги собрал и ги претворил во белешки. Хабл ги опфаќа енергичните делови на галаксијата каде што се раѓаат ѕвездите, преку деликатните пицикато жици, додека Спицер свири етеричен инфрацрвен спектар. Од друга страна, Чандра пее низ екс-зраците на ултразагреан гас што се создава преку експлозија на супернова.

Извор:Rt.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука