Група астрономи откриле докази за нова егзопланета која кружи околу Проксима Кентаур, нашата најблиска соседна ѕвезда на оддалеченост од околу 4 светлосни години.
Егзопланетата, наречена Проксима д, е третата што е откриена во овој ѕвезден систем. Таа е голема колку една четвртина од Земјата и е една од најлесните егзопланети откриени досега.
Она што е интересно за астрономите е тоа што нашиот најблизок ѕвезден сосед има интересни светови кои би можеле да се истражуваат поради нивната близина, изјавил Џоао Фариа, истражувач на Институтот за астрофизика од Португалија и главен автор на
истражувањето.
Малата егзопланета прави цел круг околу нејзиното сонце за само 5 дена и се наоѓа во дел за кој се верува дека би бил погоден за живот.
Извор:
Futurism
Фото: Pixabay