X
 01.03.2016 Наука

Што знаеме за новата деветта планета во нашиот сончев систем?

На почетокот на јануари годинава дознавме дека позади Плутон веројатно се наоѓа деветта планета која е дел од нашиот сончев систем. Малку работи се знаат за оваа планета, меѓу кои и следниве.


Била откриена од човекот кој рече дека Плутон не е планета

Мајк Браун во 2005 година откри планета која ја поттикна дебатата за Плутон и нејзиниот статус на планета. Подоцна беше потврдено дека Плутон е џуџеста планета. Истиот човек стои зад откритието на новата деветта планета во сончевиот систем.


Студена е и голема е

За разлика од Плутон, која е под влијание на гравитацијата на Нептун, деветтата планета доминира во голем дел од сончевиот систем, повеќе од останатите планети. Таа е најмалку десетпати поголема од Земјата и 5 илјади пати поголема од Плутон. Се претпоставува дека таа е планета од мраз.


Многу е далеку од нас

Деветтата планета е многу далеку од нас. Таа се наоѓа на оддалеченост од Сонцето од 56 милијарди милји, односно 20 пати подалеку отколку Нептун, која е најоддалечена од моменталните планети. Едно летало испратено од Земјата би патувало 54 години за да стигне до планетата.


Потребно ѝ е многу време да направи круг околу Сонцето


Нејзината оддалеченост прави планетата да орбитира околу Сонцето многу полека. Точниот временски период потребен за правење на еден круг околу Сонцето не е познат, но се претпоставува дека ќе требаат најмалку 10.000 години.


Можеби не постои!

Планетата моментално е најдоброто хипотетичко објаснување за необичното однесување на замрзнатите тела позади орбитата на Нептун. Но, дури и астрономите не тврдат дека се сигурни во ова. Според Браун, можно е да се работи за необична случајност.

Но, веројатно постои

Шансите да се работи за случајност и планетата воопшто да не постои изнесуваат 0,007%. Според нашето знаење, не постои нешто со толкава маса кое би можело да влијае на телата на таков начин.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука