X
 16.05.2019

Опаѓа бројот на ученици и студенти во Албанија, затворени 150 училишта

Бројот на ученици и студенти во Албанија драстично се намалува.

Дури 36.657 помалку ученици и студенти се запишани во албанските образовни институции за разлика од пред две години.

Во 2018 година бројот на запишани ученици и студенти опаднал на 641.161, што е за 1,8 отсто помалку отколку во 2017 година. Додека од 1991 година до денес секторот се редуцирал за 35 отсто.

Податоците од албанскиот Институт за статистика покажуваат дека лани имало 13.141 ученик повеќе во деветолетките за разлика од годинава, без оглед на тоа што тоа е задолжително образование. Имено, лани бројот на ученици запишани во деветолетка бил 319.671, додека оваа година е 306.530.

Во меѓувреме, во средните училишта бројот на запишани се намалил за 3.416 лица - од 120.062 колку што биле лани на 116.646 запишани оваа година.

Има опаѓање и на бројот на запишани деца во градинка - од 81.026 во 2017 на 78.942 во 2018 година.

Поради тоа што учениците ги напуштаат училиштата, оваа година во Албанија се затворени 150 училишта.

Освен тоа, има опаѓање и на бројот на педагози. Од 43.700 наставници во 1991 година (првата година од транзицијата), денес има само 33.731 наставник.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk