Бројот на меѓународни студенти во 2015 во однос на 2014 година во САД се зголемил за 10%. Во 2014/15 во САД студирале 974.926 странски студенти. Ова е најголем пораст од годините 1978/79.
Најголем дел од студентите доаѓаат од Кина, Индија, Јужна Кореја и Саудиска Арабија. Поголемиот дел од странските студенти студираат на додипломски студии. Најголем дел од студентите студираат инженерски науки (20%) или бизнис и менаџмент (20%).
Интересен
податок е дека дури 64% од странските студенти се финансираат за студиите самите или од семејството, иако студирањето во САД е едно од најскапите во светот.
Во
последните две години, во САД студираат или студирале точно
237 македонски студенти. Најголем дел од нив се на додипломски студии, а помал на последипломски.
На европско ниво, во 2014 година студирале 34.334, а во 2015 година 36.385 студенти. Најмногу европски студенти во САД доаѓаат од Велика Британија, Турција и Шведска.