X
 09.12.2016 Образование

Што земјите можат да научат од ПИСА тестирањето?

Лесно е да се биде циничен во врска со резултатите од тестот, особено кога се оценуваат перформансите на нешто толку комплексно како образовниот систем во една земја.

 

pisa


На секои три години Програмата за меѓународно оценување на учениците (ПИСА), која е спроведена од ОЦЕД, тестира повеќе од половина милион 15 годишни тинејџери во три предмети - математика, читање и наука со цел да добие податоци за националните училишни политики.

Најновите резултати беа објавени на 6 декември и повторно покажуваат одлични достигнувања на Источна Азија. Учениците од Сингапур се најдобри, а некои тврдат дека разликите во националните резултати се резултат на родителството и вродената култура, а со тоа и креаторите на политиката можат да направат многу малку за да ја подобрат ефикасноста на учениците.

ПИСА покажува што не функционира. Така на пример, трошењето на повеќе пари е поврзано со повисоки оценки, но само во посиромашните земји. Помеѓу оние кои веќе потрошиле повеќе од 50.000 долари по ученик во текот на нивното образование, само парите не донеле никакво подобрување. Приватните училишта не се исклучок, барем не кога станува збор за ПИСА.

ПИСА исто така кажува што функционира, а според овој тест најважно е она што се случува во училницата. Успешни деца се оние кои се изложени на добра настава и предавање. Со самото тоа што учениците се појавуваат на час е одличен почеток. Во сиромашните земји ова често значи проширување на пристапот за девојчиња. Италијанските ученици имаат лоши резултати делумно поради тоа што половина од нив ги прескокнуваат часовите најмалку еднаш на две недели.

И наставниците играат голема улога - а нивното појавување на час е почеток. Една причина поради која Буенос Аирес има најголем пораст во ПИСА резултатите од било која ареа е бидејќи градот успеа да ги запре штрајковите на наставниците и да им понуди договор: ќе ги третираат наставниците како професионалци ако тие се однесуваат така. Градот ја подобри обуката и платите. Падот на Австралија во ПИСА се совпаѓа со падот на резултатите од обуката на наставниците.

Она што го учат наставниците е исто така доста важно. Методите на настава, праксите, тренингот на искусните наставници како и повратните информации се карактеристики кои прават еден наставник да биде добар.

Сиромашните студенти имаат тенденција да имаат полоши резултати на ПИСА. Но ефектите од сиромаштијата може да се надминат. Во Естонија, речиси половина од најсиромашните деца постигнале резултат според кој се првите на листата. Причината за тоа е недостатокот на избор според способност. Многу од најдобрите училишни системи го одложуваат почетокот на формалното образование се' до 6 или 7 години. Но подоцна, учениците учат академски предмети се' до 16 години. Дури и во Сингапур, каде учениците можат порано да изберат стручна професија, училиштата инсистираат на академска строгост и практична работа.

Некои политичари тврдат дека ПИСА тестовите се нефер. Секако, ПИСА не го опфаќа се' она што е важно во образованието меѓутоа нуди индиции наместо гаранции за тоа што функционира. 



Македонија е рангирана меѓу последните земји на најновата листа на меѓународното тестирање ПИСА за постигањата на ученици на 15-годишна возраст по јазична писменост, математика и природни науки, ова е втор пат да учествуваме во ПИСА. Првиот пат беше во 2000 година, кога исто така постигнувањата на учениците беа меѓу најслабите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование