Средното стручно образование е маргинализирано, има лоша репутација, а професиите кои во рамките на образованието се учат, се сметаат за неатрактивни. Тоа е предрасуда, бидејќи и средните стручни училишта нудат интересни профили, од економски до технички.
Често ни родителите, ни наставниците, ни учениците не се известени за понудите и можностите во тие училишта. Пред неколку години „Германската организација за техничка соработка“, вовела проект „Професионална ориентација“ и ја промени јавната слика, прикажувањето на средните училишта, а воедно го олеснила и насочувањето на основците.
Во реализацијата на проектот вклучени се канцелариите за младите од општините, Националната служба за вработување и различни компании кои учениците од седмо и осмо одделение ги подготвуваат за престојниот избор на професија. Со посетата на училиштата и своето знаење, им помагаат на учениците да ги согледаат своите интересирања и способности. На интерактивни работилници, младите брзо констатираат што знаат и умеат, за што се талентирани, кои се нивните предности и идни позиции во кариерата. Во програмите се вклучени и родителите и всушност тие треба да ги поддржуваат интересирањата и одлуките на своето дете. Многу ученици добиваат вистинска инспирација и ја проверуваат својата одлука дури тогаш кога ќе ја посетат компанијата и ќе дознаат повеќе за идната професија.
Освен со младите од основните училишта, советодавните тимови соработуваат и со средношколците, воглавно од стручните училишта. Ако е целта на ученикот по завршувањето на средното образование да се запише на факултет, советодавците им посочуваат и други можности. Многу компании бараат квалификувана работна сила, на која за возврат и пружаат можности за развој и напредување. Благодарение на конкретните информации, многу ученици од средните стручни училишта ја согледуваат вредноста на своето образовани и развиваат самодоверба за успех во својата струка.