Сликата за него нам ни е позната од автопортретите кои тој ги создал. Постои слика каде Винсент носи сламена шапка, а постои и слика на која Винсент зјапа во огледало со неговото повредено уво.
Она кое се покажа како невозможно за генерации на историчари на уметност е вистинската слика од
Винсент Ван Гог, холандскиот мајстор за кој се претпоставува дека бил многу сиромашен или премногу посветен на неговата работа за да биде фотографиран.
Но сега, еден историчар тврди дека успеал да ја иденфитикува првата фотографија од Винсент Ван Гог во неговите подоцнежни години.
Италијанскиот историчар на уметност Антонио Де Робертис вели дека помеѓу групата на 34 мажи - вклучувајќи го француските уметници Гоген и Вуилард - како позираат за фотографија во Академијата Џулијан во Париз во близината на 19-от век, е присутен и Винсент Ван Гог.
Фотографијата која во моментов е во сопственост на Националниот институт за историја на уметност во Париз, се чини дека уметникот на фотографијата стои до неговиот пријател Андрес Бонгер.
И други фотографии се појавиле на кои се тврдело дека се наоѓа холандскиот гениј. Но Г-дин Де Робертис, еден од водечките експерти за Ван Гог, вели дека оваа е најубедлива.
„Го најдовме она што изгледа како единствената фотографија од Ван Гог како возрасен човек. Се` до сега, видовме слики од него на 13 годишна возраст и на 19 годишна возраст“, вели Робертис.
Ван Гог, плоден сликар на автопортрети кој бил премногу сиромашен да плати модели да позираат за него, починал сиромашен во 1890 година откако се самоубил. Робертис вели дека се верува дека брадестиот човек на фотографијата е Ван Гог врз основа на сличноста помеѓу човекот на фотографијата и неговите автопортрети.
Едмонд Бенард, кој ја направил фотографијата, работел во Париз помеѓу 1880 и 1890 година. Но, г-дин Де Робертис и неговиот соработник Алан Замбони ја намалиле временската рамка на фотографијата, па веруваат дека била направена во првите две недели од февруари 1888 година. Вој тој период Вуилард и Бонард се запишале на Академијата Џулијан, а Гоген и Ван Гог (кои не студирале таму) биле во посета а Париз кадешто подоцна биле инспирирани од бојата и светлината на импресионистичките дела.
Останува мистеријата зошто групата од 34 мажи, некои непознати едни на други, и не сите уметници, позираат заедно на сликата.
Животот на Ван Гог завршил во јули 1890 година. Тој починал во рацете на неговиот брат Тео, два дена откако си пукал во стомакот.
Иако Ван Гог во голема мера бил непознат во текот на неговиот живот, неговите дела со својата впечатлива боја, енергија и емотивност се сметаат за антологиско влијание врз уметноста во 20-от век.