Објавени се победниците на годишниот натпревар за фотографии „Природата во фокус“. Фотографи од сите возрасти беа охрабрени да достават фотографии кои документираат уникатни моменти од природата. Годинава беа прогласени по три победници во секоја категорија и првпат едно лице беше прогласено за фотограф на годината врз основа на неговото работно портфолио.
Биле поднесени околу 21.000 фотографии од над 2.300 фотографи, така што жирито имало прилично тешка работа. На крајот, Фернандо Константино Мартинез Белмар бил прогласен за фотограф на годината за неговиот поглед на загрозените јагуари што живеат на полуостровот Јукатан.
Голем дел од победничките фотографи се од Индија, каде што се одржува фестивалот, а забележано е зголемување на учеството од фотографи од светот.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Nature in Focus