X
 04.03.2016 Живот

Што ве спречува да се збогатите?

Новинарот Наполеон Хил пред 80-на години си доделил задача да открие што е клучот за збогатувањето. Повеќе од 20 години, тој анализирал 500-на милионери кои сами го заработиле тоа што го имале. Своите откритија ги објавил во книгата „Think and grow rich“, пренесува „Бизнис Инсајдер“. Книгата открива работи кои најчесто ги спречуваат луѓето да се збогатат.


Не сте ја дефинирале својата цел

Според Хил, нема надеж за успех за личноста која нема цел во својот живот, нешто за што се надева. Ако имате богатство, поставете си цели за понатамошно збогатување и користење на парите. Одредете каде точно сакате да одат вашите пари.

Не сте амбициозни

Морате да сакате да се издигнете над просекот. Хил вели: „Не знам што би советувал личност која е индиферентна кон сè, не сака да напредува и не сака да ја плати цената на успехот.“

Не го употребувате своето образование

Самата диплома не значи ништо. Знаењето е само потенцијална моќ која нема да ви донесе пари ако не се примени во животот. Хил нагласува дека „образованието е знаење применето во пракса. Луѓето не се плаќаат за она што го знаат, туку за начинот на кој го применуваат тоа што го знаат“.

Немате самодисциплина

Самодисциплината доаѓа од самоконтролата, според Хил. Тоа значи дека мора да ги контролирате сите негативни карактеристики. Ако не се контролирате себеси, ќе бидете покорени. Кога се работи за збогатувањето, основната формула гласи: штеди повеќе, троши помалку.

Не се грижите за своето тело

„Тешко ќе добиете големо богатство ако не сте здрави“, вели Хил. Не е чудно што многу милионери редовно вежбаат. Ако мислите дека немате време, пробајте да вежбате само десет минути дневно.


Одолговлекување

Хил го наведува одолговлекувањето како најчеста причина за неуспехот. „Поголемиот дел од нас се неуспешни во животот бидејќи постојано го чекаме вистинското време да започнеме да правиме нешто корисно. Не чекајте! Времето никогаш нема да биде вистинско“, вели Хил.

Не сте упорни

Хил вели дека повеќето луѓе се добри во започнувањето на работите, но лоши во завршувањето. Луѓето најчесто се откажуваат веќе на првите знаци на неуспех. „Научив дека не е важно колку пати сте доживеале неуспех. Доволно е да успеете само еднаш“, изјавил милијардерот Марк Кјубан.

Негативност

Според Хил, некој кој не може да се ослободи од негативните мисли нема никакви шанси за успех. Успехот доаѓа од примената на моќта, а моќта се добива преку заедничка соработка. Негативниот став нема да поттикне соработка.

Не ризикувате

„Личноста која не ризикува всушност го зема само она што го оставиле другите“, вели Хил. Кога станува збор за парите, можеби е привлечно да се остават парите на мирување во банка, но инвестирањето е начинот на кој се заработува дополнителни пари.

Се дружите со погрешни луѓе

Според Хил, битно е да се одбере работодавач кој ќе биде инспирација, кој е интелигентен и успешен. Овој совет треба да се применува и на соработниците. Важно е да се опкружите со талентирани и мотивирани луѓе и надвор од работата.

Останувате со работата која ја мразите

„Сè уште никој не бил многу успешен на работа која не ја сака“, вели Хил. Првата и основна работа која мора да ја знаете е да одберете професија која ви се допаѓа. Само така ќе може да работите со срцето.

Вашиот ум не е отворен

„Луѓето со затворен ум ретко напредуваат“, вели Хил. Мора да бидете подготвени да соработувате со другите и да ги слушате нивните идеи. Најбогатите и најуспешните луѓе станале тоа токму затоа што мислеле различно од другите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот