X
 31.01.2017 Живот

Колку пари треба да заштедите до 30 години?

Штедењето пари е ретка одлика на денешните млади, дури и ако работат и имаат натпросечни месечни примања, а најголем дел од парите ги трошат за кирии за стан.

Истражувачите
велат дека секоја личност до 30 години треба да заштеди онолку пари колку што се доволни за 6 месеци животни трошоци. Во извештаите од ова истражување пишува дека оние кои се помлади од 30 години во однос на своите родители подоцна ќе купат куќа, а и подоцна ќе одат во пензија која ќе биде мала.

Често во младоста заработените пари се трошат на искуства и предмети. Иако вреди во третата деценија да се троши на патувања, не секое парче облека е доволно и не мора секој викенд да го минете излезени на кафе. Ако претерате со тоа, веројатно е дека оваа лекција ќе ја научите покасно.

Стручњаците велат дека е тешко да се штеди во 20тите години, но сите треба да го  прават доколку се во можност. Освен тоа, тие се едногласни дека попустите, разните ваучери и многу достапните понуди дозволуваат истовремено и да уживаат и да почнат да штедат за постари години.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот