X
 05.03.2016 Живот

Колку загаден воздух од гориво дишеме?

Луѓето постојано се предупредуваат за опасностите од загадувањето со дизел гориво, но на колкава загаденост сме изложени, всушност?


Тим Џонс се обидува да открие за Би-Би-Си. Џонс одлучил да направи експеримент за да открие на колкаво количество загаденост се изразени луѓето во сообраќајот секојдневно, на различни места и со различни начини на превоз. Тој користел уред за мерење на загаденоста во реално време од Кралскиот колеџ во Лондон. Овој уред ги мери честичките од јаглерод испуштени од горењето на дизелот.

Автомобилите на дизел се повеќе популарни, делумно бидејќи произведуваат помалку јаглерод диоксид од оние на бензин. Но, во 2012 година, Светската здравствена организација го класифицираше загадувањето од дизел како карциногено. Тоа може да предизвика рак на белите дробови и тумори во слезината.

Според неодамнешно истражување, загадувањето во воздухот убива 40.000 прерани смртни случаи секоја година само во Обединетото Кралство. Истражувачите го „обвиниле“ дизелот како главен „злосторник“.

Се советува ограничување на користењето. Но, на колкава загаденост од дизелот сме изложени секојдневно?


Џонс патува со велосипед до железничката станица, па фаќа воз кој работи на дизел до Лондон и потоа повторно вози велосипед до канцеларијата. Уредот за мерење на загаденоста го користел една недела. Резултатите биле во микрограми за кубен метар. Колку помал резултат, на толку помалку дизел лицето е изложено.

Му било кажано дека треба да очекува загаденост од 0-3 микрограми за кубен метар кога е внатре или далеку од сообаќајот. Тој добил 0,8 за канцеларијата, а 1,4 за домот. За време на пешачењето низ неговата населба, уредот покажувал 1,7, а возењето низ град во сабота попладне давало резултат од 2,1.


За време на возење велосипедот до станицата, уредот покажувал 3,7, а за време од станицата до канцеларијата во центарот на Лондон покажувал 6,5. Уредот покажувал 8,5 додека Џонс се возел со воз.

За време на чекањето на железничката станица, уредот покажувал 13,2. Највисокиот резултат го забележал додека бил во такси и поминувал во голем метеж и низ центарот - 19,9.

Уредот измерил неверојатни 77,8 во метро-станицата во Лондон, но ова не било предизвикано од дизел горивото.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот