X
 07.03.2016 Наука

Погледнете како НАСА гледа кон најстарата и најоддалечена галаксија во вселената

Кога вселенскиот телескоп „Hubble“ гледа во најдалечните места во вселената, тој исто така гледа назад во времето. Колку подалеку се наоѓа телото, толку е постаро.


Во видеото подолу, НАСА го користи телескопот за да погледне најдалеку што може во најстарата и најоддалечената галаксија до која може да се види со телескопот.

Светлото од галаксијата наречена GN-z11 е старо 13,4 милијарди години, односно само 400 милиони години по Големата експлозија, односно почетокот на времето). Светлото е толку старо што било создадено пред да се формира Земјата.

Галаксијата е 200 милиони години постара од претходните тела забележани од телескопот.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука