X
 22.09.2017 Наука

Политичарите ангажираат психолози за да ги манипулираат гласачите

Кога Барак Обама се подготвувал за изборите во 2012 година, креирал посебен тим од експерти што ќе го води до победа. Но, тоа не беа политички аналитичари и советници, туку психолози.


Нивна задача е изучување на начините за манипулирање на гласачите. Ова се неколку начини на кои политичарите ја користат психологијата за да ги манипулираат гласовите.

1. Ви кажуваат дека ќе има голем одѕив

Неодамнешни студии покажале дека ако се тврди дека ќе има мал одѕив, тоа предизвикува намалување на желбата за гласање. Па, затоа истражувачите сметаат дека фокусирањето на големиот одѕив ќе ги мотивира граѓаните да излезат на гласање. Ова се случува затоа што луѓето се социјални битија, па нивните дејства се под влијание на однесувањето на другите.

2. Анкети/телефонски повици

Телефонски повици од волонтери до потенцијални гласачи. Преку ваквите дејствија се покажало дека кога се јавуваат волонтери, гласачите повеќе дискутираат за своите гласачки планови. Овие повици се двојно поефикасни од едноставните прашања дали луѓето имаат намера да гласаат. Психолозите сметаат дека и когнитивното планирање и механичката логистика се исто така дел од гласачката одлука, а не само мотивацијата.

3. Ветувања/закани за следење на гласачите по изборите

Психолозите сметаат дека кога некој чувствува притисок дека е набљудуван, па дури и реално да не е така, тоа влијае врз неговите дејства. Луѓето се решаваат повеќе на одредени работи кога другите ги следат и набљудуваат. Доколку на гласачот му е кажано дека по изборите ќе биде контактиран за да го сподели своето гласачко искуство, тој чувствува притисок, па и тоа е еден начин на манипулација за да се биде посигурен дека гласачот ќе излезе на гласање.

4. Користење именки, а не глаголи

Студиите покажале дека луѓето повеќе одат на гласање кога ќе ја согледаат „благородната“ страна на нивниот карактер. На две групи учесници во студијата им било поставено слично прашање. Прашањето од првата група се однесувало на гласачите (именка): „Колку е важно за вас да бидете гласач во следните избори?“ Прашањето од втората група се однесувало на гласањето (глагол): „Колку е важно за вас да гласате на следните избори?“ Користењето на именката „гласач“ наместо глаголот „гласање“ го зголемило интересот во регистрирање на гласачите во САД.

5. Лажни ветувања

Ветувањата за подобрување на голем број сектори во државата е еден од најпопуларните методи за убедување на гласачите. Исто така, во периодот на подготовки за изборите често се работи на тоа да се зголеми бројот на членови во одредена партија, користејќи секакви видови ветувања и придобивки за гласачите, кои реално по изборите не е така едноставно да се исполнат.

6. Негативен публицитет

Гласачите велат дека ги мразат рекламните пораки што содржат напади кон конкурентите, но сепак тие имаат влијание. Психолозите велат дека луѓето имаат тенденција за селективно паметење на негативните информации, па дозволуваат негативните емоции да доминираат во процесот на донесување одлуки.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука