X
 17.02.2018 Наука

Нова пилула го уништува грипот за 24 часа

Годинашната сезона на грип бележи најголем број на случаи, предизвикувајќи повеќе од 17.000 хоспитализации од октомври 2017 година според центрите за контрола на зарази и превенција. Сега, производител на лекови од Јапонија тврди дека развил пилула која има способност да го уништи вирусот за само еден ден.


Пациентите болни од грип од САД и од Јапонија учествувале во неодамнешна студија на јапонската компанија, при што се тврди дека вирусот исчезнал од нивните тела за околу 24 часа. За споредба, популарната пилула „тамифлу“ го уништуваше вирусот 3 пати побавно. Производителите на новата пилула тврдат дека е потребна само една доза за пилулата да биде ефективна.

Вирусот ги тера човечките клетки да произведуваат вирусен материјал наместо протеини, па така и брзо се проширува вирусот низ телото. Додека моменталните лекови го спречуваат вирусот да се шири и да инфицира повеќе клетки, новиот лек спречува дури и создавање на вирусниот материјал.

Истражувањата за справување со грипот најчесто вклучуваат подобрување на веќе постојните вакцини, а не развивање нови третмани. Сепак, овој проект може да биде клучен чекор напред во борбата против грипот. Од компанијата што го произведува лекот велат дека е можно да продолжат со испитувањата во текот на наредниот месец. Барање за одобрување во САД ќе биде поднесено во текот на летото, но одговор ќе биде добиен во 2019 година.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука