X
 28.06.2016 Технологија

Google открива нов начин како децата да кодираат со блокови

Децата преку игра и интеракција учат едни со други, со се' околу нив. „Google“ успева да допре до природниот начин на кој децата учат со тоа што го прават кодот физички - нешто што ќе можат да го допрат и да манипулираат наместо низа на кодови на екранот.

 

кодирање


Проектот наречен „Bloks“ е иницијатива позади создавањето на физички код и е дел од истражувачкото партнерство помеѓу „Google“, професор на Стенфорд универзитетот и дизајнерската фирма „Ideo“.

Досега, демонстрациите вклучуваат испраќање знаци преку Bluetooth или безжичен интернет од серија собрани блокови за контролирање на движењето на блиската робот играчка или создавање на музика. На видеото е прикажано како сето тоа функционира:


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија