Стапката на смртност од срцеви болести во Израел е намалена за импресивни 50% од 1998 година, вели неодамнешното истражување објавено во магазинот „European Heart“.
Почесниот професор Мервин Готсман, кој долги години бил шеф на одделот за кардиологија во медицинскиот центар при Хадасах универзитетот и личен доктор на премиерот Менахем Бегин, го напишал истражувањето заедно со неговиот син, кој моментално работи во истото одделение.
Главниот пад на смртната стапка од срцеви заболувања од 160 на 100.000 Израелци на само 80 е еден од најдинамичните феномени во израелската медицина, пишуваат тие.
Помеѓу причините кои тие ги дадоа се намалување на пушењето, примарната и секундарната превенција на атеросклероза, националните кампањи против дебелината, дијебетесот и високиот крвен притисок, промената на начинот на живот, слободната употреба на статини за намалување на лошиот хорестерол и рано справување со акутниот миокардниот инфаркт, вклучувајќи и ангиопластика.
Другите фактори вклучуваат широка употреба на услугите за брза помош низ целата земја, специјализирани единици за интензивна нега во сите регионални болници и се под заштита на искусни кардиолози, употребата на поефективни антиокагуланси со што се растопува згрутчувањето на крвта, и подобрите стентови кои ги држат отворени коронарните артерии, интервентни процедури за аритмии и интервентни процедури за лекување на заболени срцеви залистоци.
Авторите додаваат дека овој одличен резултат може да е последица на универзалната достапност на пристапни фондови за здравство за сите граѓани, без разлика на расата, бојата и вероисповед.
„Тоа е исто така одговор на ентузијазмот на израелските кардиолози, лекари, општи лекари, медицински сестри и техничари да го продолжат животот, да го намалат страдањето и да го подобрат квалитетот на животот“.
Има уште многу да се направи за стапката да опаѓа, пишуваат авторите.
На пример, потребна е едноставна генетска мапа за да се идентификуваат здравите пациенти со ризик од ненадејна смрт, аритмии и коронарните артерии и други аскуларни болести. Треба да се препознаат ранливите пациенти на кои им е потребна промена во животниот стил како и промена на ризичните фактори како што е пушењето, дијабетесот и дебелината.
„Универзалната рехабилитација е од суштинско значење за сите пациенти кои претрпеле срцев удар. Ова намалување од 50% на смртноста од кардиоваскуларни болести во Израел е пример за напорите кои ги вложува една мала земја со хетерогена популација од речиси 8 милиони жители и треба да служи како патека за подобрување и за другите европски и меѓународни колеги“, пишува Готсман.