X
 07.08.2023 Здравје

Нутриционистите велат дека ова е најздравиот појадок

Нутриционистите препорачуваат да го започнете денот со чаша млака вода со лимон, но што е најдобро да јадете потоа? Експертите за исхрана тврдат дека го пронашле најздравиот појадок во светот.

Според нив, најдобар избор се житарките со парчиња свежо и суво овошје. Еден предлог е овесна каша со пченични никулци, јаболко, суви кајсии и јогурт со малку маснотии.

Зошто е ова здрав појадок?

Пченичните никулци и овесната каша имаат влакна и позитивно влијаат врз варењето. Овесната каша е суперхрана бидејќи е извор на сложени јаглехидрати, а нема многу калории. Покрај тоа, овесната каша содржи витамини Е и Б, како и минерали селен, цинк, калциум и магнезиум.

Пченичните никулци се познати како чувар на нашето срце, ги намалуваат мастите во крвта и добро влијаат врз нашиот вид. Тие се исто така извор на витамините Е, Б и Ц.

Ако изедеме јаболко наутро, ќе го снабдиме организмот со витамини, а витаминот Ц од ова овошје помага при настинки и вирусни инфекции, додека влакната се добри за варењето.

Сувите кајсии се извор на железо и витамини Б и Ц, а во нив има дури 12 пати повеќе витамин А отколку во свежото овошје. И конечно, јогуртот со малку маснотии ќе го комплетира вашиот оброк, додавајќи протеини, калциум и калиум.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје