Заеднички именител на нервозите, неуспесите, конфликтите и сите неубави ситуации е немањето на трпение. Сите сме свесни дека е тоа така, но ако се свртите околу вас, ќе забележите дека луѓето сè повеќе и повеќе немаат трпение. Живееме во такво време, време на брзо случување на работите, па трпението е повеќе од потребно.
Како да ви кажам, со немање или намалено трпение, само уште повеќе допринесуваме на сè поголем број расправии, дополнителни нервози, кавги, викање, па и тепачки. Секој ден слушаме за вакви приказни и никако да ни дојде памет.
Најстрашно е што многу малку треба да се намалат или воопшто да ги нема овие ситуации. Потребно е само повеќе трпение и ништо повеќе. Не велам дека треба да се преминува преку неправда, туку баш напротив, дека треба да имаме повеќе трпение, навистина треба!
Затоа, со вас би сакал да споделам неколку интересни начини како да имате повеќе трпение:
-
Причината – прво и основно е да ја најдете вистинската причина за нетрпението. Наоѓајќи го предизвикувачот, многу лесно ќе можете да делувате на нејзино отстранување.
-
Самодоверба – нетрпението најчесто се појавува кога емоциите ќе нè издадат или кога немаме контрола врз нив. Со голема самодоверба, имате и голема контрола на емоциите, а со тоа и контрола на вашето трпение.
-
Позитивни – бидете позитивни и гледајте позитивно на работите.
-
Замор – заморениот човек е понетрпелив од одморениот.
-
Менаџирање на времето – пробајте да бидете на време или пред време при извршување на задачите или на договореното место. Намаленото трпение оди рака под рака со немањето време или доцнењето.
-
Гледање подалеку од сегашноста – пробајте да бидете пред времето. Пробајте да ги визуелизирате можните проблеми, со тоа ќе ги бидете подготвени доколку се случат.
-
Намалете го стресот – има многу методи како да го направите тоа, но најчести се: контрола на дишењето (длабоки вдишувања и издишувања), практикување на вежби (утрински, теретана, канцелариски), прошетки (за време или после работа), медитации и слично.
-
Внимание – вниманието треба да ви биде секогаш на високо ниво. Луѓето со мало или со никакво внимание имаат намален фокус на работите, а со тоа и автоматски имаат намалено трпение.
-
Очекувања – пробајте да ги менаџирате своите очекувања, но и очекувањата на луѓето околу вас. Со нивелирани очекувања автоматски нема да се доведете во ситуација да бидете нетрпеливи.
-
Практицирајте трпение – кога можете, пробајте да работите на своето трпение, да останете смирени и да се соочите со стресот. Доколку имате доволно време, еве ви неколку идеи како да работите на подобрување на трпението:
1. Следниот пат кога ќе одите во продавница, застанете во најдолгиот ред;
2. Наместо да го земете кафето со себе, чекајте ред и испијте го во кафетеријата;
3. Одете по подолгиот пат, наместо по пократкиот.
-
Опуштете се – понекогаш ни изгледа дека е крај на светот и дека ќе се случи кој знае што, ако не делуваме веднаш. Но знајте, не е крај на светот. Дадете максимум во ситуацијата, но немојте уште повеќе да се доведувате во стресна ситуација од таа во која сте.
Што и да направите, работете на вашето трпение. Трпението е еден од клучните работи за успех во животот и работата.
Со успех во промените
Калин Бабушку
„
Tip of the week“