X
 10.02.2018 Живот

Секој ден повторувајте ги следниве животни лекции


Рингишпил
(Фото: Pixabay)


Кога само еден човек би бил среќен, сите негови пријатели што живеат во круг од 1,5 километар имаат 25% поголема шанса да доживеат среќа. Добрите чувства се шират концентрично, па и пријателите на пријателите имаат 10% поголема шанса за среќа, во споредба со првиот сосед, кој има дури 34% поголеми шанси да доживее успех, тврди психологот Џејмс Х. Флауер од Универзитетот „Калифорнија“.

24 најважни совети за спокоен, среќен и исполнет живот:

1.    Кога се колебаш, направи го следниот, мал чекор.

2.    Животот е краток за да трошиме време мразејќи некого.

3.    Плачете во присуство на некој друг, тоа е поздраво отколку да плачете сами.

4.    Запомнете, зависта е чисто губење време.

5.    Склучете мир со минатото за да не ви ја расипе сегашноста.

6.    Секогаш изберете живот.

7.    Сосема е во ред дури и ако вашите деца ве видат како плачете.

8.    На сите треба сè да им простите.

9.    Животот е прекраток за предолги епизоди на тага.

10.    Сè можете да пребродите ако останете во сегашноста.

11.    Кога се борите за нешто што го сакате, не прифаќајте „не“ како одговор.

12.    Никој не е задолжен за вашата среќа освен вие самите.

13.    Кога сметате дека ви е тешко, прашајте се: „Дали ова ќе ми биде важно по пет години“.

14.    Верувајте во чуда.

15.    Она што нема да ве убие, ќе ве направи посилни.

16.    Не споредувајте го вашиот живот со туѓите затоа што не го знаете нивното животно искуство.

17.    Запомнете, животот не е украсен со панделка, но сепак е непроценлив подарок.

18.    Не правете ревизија на животот. Треба да го живеете сега и да земете најмногу што можете од него.

19.    Ослободете се од сè што не е корисно, убаво и што не ве радува.

20.    Длабоко вдишете – тоа го смирува умот.

21.    Без оглед како се чувствувате – станете, дотерајте се и покажете се.

22.    Кога би ги ставиле сите свои проблеми на куп – кога ќе ги видите туѓите, би ги посакале своите назад.

23.    Ако не прашате, нема да добиете одговори.

24.    На крајот од патот – единствено што е важно е дека сте љубеле.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот