X
 10.02.2017 Технологија

Луѓето кои кодираат се следната работничка класа

Кога се разговара за кодирањето како професија, луѓето обично замислуваат некој како Марк Цукерберг: човек облечен во дуксерка кој рано го напуштил факултетот и за неверојатни 72 часа создал апликација со цел да стане неверојатно богат и да го промени светот.

Меѓутоа овој стереотип не е дури ни географски точен. Кодерите во Америка кои се вработени во Силициумската долина сочинуваат само 8% од сите кодери. Другите милиони? Тие најчесто работат во компании кои ја одржуваат безбедноста на софтверските услуги. Нема да бидат неверојатно богати, но нивното работно место е стабилно: 40 часа неделно, добро платена и интелектуално предизвикувачка плата. Некој би рекол, тие се следната класа на работници со сина јака.

Политичарите редовно жалат за изгубените работни места на работниците со сина јака. На овие работни места се гледа како на столб на средната класа на граѓанското општество. И може повторно да биде? Што ако следната голема категорија на работници со сина јака е веќе тука - и е програмирањето?

Меѓу другото, ова би ја променило обуката за работните места за програмирање - и оние кои се охрабрувани да започнат да ја работат оваа работа. Наставниците и бизнисите не би потрошиле време за да ги учат децата на скапи четиригодишно компјутерски науки и наместо тоа воведуваат училишта за кодирање на ниво на средно училиште. На тој начин помалку акцент се става на чудата од деца, а повеќе на пролетеријатот.

Овие видови на кодери немаат длабоки знаења со кои би можеле да создаваат алгоритми за флеш тргување или мрежи. И зошто би имале? Нивото на експертиза ретко е неопходно за одредено работно место. Но секој кодер кој припаѓа на сините јакни ќе биде доволно квалификуван за да создаде „JavaScript“ за нивната локална банка. Тоа е солидна работа од средна класа.

Во меѓувреме непрофитната „CodeTN“ се обидува да ги натера средношколците да започнат да посетуваат програми за кодирање на колеџите. Некои ученици (и наставници) се грижат дека децата не се вклопуваат во клишето Цукерберг.

„Едноставно, потребен ни е некој што ќе менаџира со страна за логирање. Не е потребно да биде ѕвезда“, вели ко-основачот на „CodeTN“.

Сепак, на општеството му се потребни ѕвезди. Сериозните иноватори во компаниите и академиите се оние кои создаваат нови полиња како што е машинското учење. Но, тоа не ја исклучува мејнстрим визијата за тоа што е програмирањето. Со децении, поп културата го промовираат кодерот кој е „осамен гениј“. Постојано зборуваме за милијардерите програмери на социјални мрежи како и хакерите. Но, вистинските херои се оние луѓе кои одат на работа секој ден и се враќаат со добрите нешта - без разлика дали тоа се автомобили, јаглен или код.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија