X
 13.03.2016 Живот

Идоли на нашите деца се криминалци и проститутки

 

 

Денес повторно сме сведоци на бран на вести за брутално насилни убиства кои се случуваат во семејството, на улица, помеѓу врсниците. Но, ние сме толку отупени и толку преплавени со насилство и лудило од различен тип што сето тоа поминува и се заборава после само неколку дена. А монструозните случаи се менуваат како на трака. Најлошо е тоа што толку брутални убиства повеќе не се некоја посебна тема со која би требало да се занимаваат општеството,  политичарите, институциите или медиумите. Ретки се и медиумите кои реагираат на овој најнов бран и бараат мислење од експертите, со кои би кажале дека сме на многу опасен пат.


Уште еден доказ за нашето прилагодување на ненормалноста е фактот што станаа тивки и последните гласови кои апелираа на сузбивање, ако не и укинување на реалити шоуата. „Фарма“ и „Парови“ станаа регуларен дел од животот на еден просечен гледач, а до неодамна беше и „Големиот брат“ затоа што тие се програми со највисока гледаност.

Што се овие програми? Станува збор за форми кои промовираат најпримитивно, инстинктивно однесување и по правило се базираат на вербално и физичко насилство од една страна и секс од различни видови на друга страна. Но за ваквите лабораториски програми врз основа на принципите на експерименталната психологија се однесува класичното правило дека границите постојано треба да се поместуваат и тоа со се` поголема брзина. Кога овие програми започнаа, големо случување беше прикажувањето на првите индикации за сексуален однос. Само неколку години подоцна беше прикажан сексот уште при првата или втората ноќ на емитување. Потоа на гледачите им беше овозможено да видат се` повеќе, па се воведе менување на партнери, хомосексуални одноци, групен секс итн. Насилството исто така мора да ескалира, па освен правилата да се внесува алкохол, навредите од сите видови мораат да бидат се` полоши, а тепањето стана очекувана содржина на програмата.

Освен пропаднатите естрадни ѕвезди желни за внимание или подигнување на нивната атрактивност, за што подоцна се обидуваат да наплатат со поголема цена за своите настапи и очигледно болните луѓе, сега основата на програмата ја сочинуваат таканаречените старлети што е ефуемизам за проститутки кои телевизиите очигледно ги плаќаат за секс пред камерите, а со тоа тие исто така ја подигнуваат нивната цена за извршување на најстариот занает кога ќе излезат надвор. Врвот е секако доведувањето на криминалците, па се вративме на тоа моделите и идолите на децата да се криминалци и проститутки. Неодамна имавме можност на насловната страна на еден магазин да ги видеме децата од основно училиште како земаат автограм од Кристијан. Тој својот престој во „Фарма го искористи за да ги митологизира своите криминални активности.

Не смееме да ја заборавиме ниту улогата на политичарите.

Бруталноста, примитивизмот и насилството на овие програми не може да не се пренесе на улица. Оној кој го овозможува овој постојан ментален криминал, директно произведува и носи насилство, болести и зло во општеството. Најлошо од се` е тоа што сето ова е нелегално. Само погледнете го Законот за радиодифузија, односно неговиот член 19 кој зборува за заштита на малолетните лица и член 68 со кој се пропишува општа обврска на телевизиите во однос на програмските содржини. Туака е пропишано дека телевизиите мораат да емитуваат содржини кои придонесуваат за зголемување на севкупната култура и свесноста на граѓаните (точка 4), како и да не емитуваат програми чии содржини може да наштетат врз физичкиот, менталниот или моралниот развој на децата и младите или да не се емитуваат програми кои поддржуваат и нагласуваа насилство и други форми на криминално однесување (точка 5 и 6). Покрај тоа, постои и Кодекс за однесување на телевизиите врз чија основа ќе биде лесно да се укинат овие програми или за почеток да се префрлат после полноќ.

Повеќето институции во регионот со години не си ја работат работата и не го применуваат законот. На кој ќе му падне на памет да ги опомени газдите на моќните медиуми во регионот да земаат дозволи, кога се знае дека тоа се моќни влијателни луѓе во оваа земја? А реалити програмите им се најголемиот извор на приходи.

Жртвите на ваквата констелација на односи во која тие заработуваат ширејќи болести и насилство, а институциите не ја работат својата работа, сме сите ние. А особено нашите деца...

 

Автор: Миша Чурковиќ / Политика.рс

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот