Бери Вајт, наставник по англиски јазик во петто одделение во училиште во Шарлот, Северна Каролина, има уникатен поздрав со секој од неговите ученици.
„Тие знаат дека кога ќе дојдат до предната врата ние започнуваме со нашите „добри утра“ и тогаш е време. Секогаш сум расположен, па започнуваме со потезите и танцовите со што тие се возбудуваат па така на крај добивам одделение со висока енергија“, вели тој.
Секој поздрав е уникатен, и секој ученик користи сопствени потези инспирирани токму од неговата личност.
„Почнав со едноставен поздрав минатата година со ученик од четврто одделение. Таа ме чекаше секое утро пред да започне со часовите. Некогаш задоцнуваше на другите часови бидејќи чекаше да се поздравиме“, вели Бери.
„Оваа година започнав да се поздравувам со децата на одмор. Беа двајца ученици, а потоа поздравот стана заразен. Видов колку им значи, па започнав да се поздравувам со сите деца од моето одделение, и со оние од другите одделенија. Сега и трето одделенците започнаа да се
поздравуваат со мене“.
Вајт вели дека запомнувањето на сите различни потези и не е толку тешко колку што изгледа.
„Тоа е мускулна меморија. Го правиме толку често. Постојано идат и постојано се поздравуваме. Едноставно знам дека одредени потези одат со одредени деца бидејќи тоа се нивни лични потези“, вели тој.
Како страстен фан на Кливленд Кавалиер, поздравите дошле како инспирација од неговиот омилен кошаркар, Леброн Џејмс, кој се поздравува на овој начин со неговите соиграчи.
„Се гледа колку се блиски. Сакав да го донесам истото чувство со цело петто одделение“, вели Бери.
„Единствениот начин на кој можеме да им помогнеме на нашите деца е да ги поттикнеме значајните и длабоките односи. Поздравувањата на Бери претставуваат негово автентично влијание врз градењето на овие односи. Кога ќе влезам во канцеларијата на наставниците го гледам влијанието на силните односи изградени врз доверба. Кога децата знаат дека нивниот наставник се грижи, тие се внимателни, ангажирани и имаат волја да бидат успешни. Тоа е културата која ја градиме во нашето училиште“, вели директорот.