X
 11.12.2015 Живот

Реченици кои треба да му се повторуваат на секое дете

Некои реченици имаат посебна тежина и вредност - тие делуваат позитивно и развиваат социјална интелигенција кај вашето дете.

Можеби како родители сте свесни колку е важно да се разговара со децата. Можеби навистина се трудите да разговарате со вашите деца, но некои реченици имаат посебна тежина и посебна вредност - тие делуваат позитивно и развиваат социјална интелигенција кај вашето дете.

1. Те сакам, без оглед на тоа што си направил - Се` до 10-та година, децата не можат да ги разликуваат речениците: „Мама не сака како се однесувам“ и „Мама не ме сака“. За нив тоа е едно исто. Затоа бидете доследни во тоа на детето да му повторувате колку го сакате без оглед на се`.

2. Ќе успееш, ти верувам!
- Вашата задача е да го охрабрите вашето дете кога ќе наиде на пречки и да му поставувате цели кои за него ќе бидат достапни. Семејниот живот секојдневно дава можности детето успешно да ги изврши своите задачи. Тоа може да биде облекување, поставување на масата, помагање при купување...

3. Нема врска ако згрешиш - Не можете да очекувате од детето да не згреши. Сите грешиме и низ грешките учиме. Не е важно што детето има потешкотии при учење како да вози велосипед без помошни тркала или пак што не знае да го набои цртежот, туку е важно да ја негувате желбата и волјата да се обидува нови работи и да не се плаши од неуспех.

4. Подели со другите
- Децата се родени егоисти и понекогаш се прашуваме, набљудувајќи ги како се борат за себеси, дали некогаш ќе научат нешто да делат со другите. За почеток мораат да научат како да ги толкуваат туѓите емоции. Кога родителите ќе им помогнат во толкувањето на емоциите, тогаш тагата, лутењето, беспомошноста, стравот, среќата и другите емоции нема да поминуваат покрај детето, туку тоа ќе ги научи овие емоции.

5. Речи „фала (благодарам) “ - Основата на убавото однесување на детето се учи дома, од своите родители. Затоа почесто користете го зборот фала.

6. Не значи не! - Кога му забранувате на детето нешто, тоа значи дека навлегувате во конфликт. Децата испитуваат каде сте слаби и дали сте уморни и ја користат секоја можност. Секој пат кога ќе попуштите, детето нема да научи ништо корисно, затоа бидете упорни.

7. Погледни што направи
- За децата „Добро го направи тоа“ нема некое посебно значење бидејќи тие не знаат како успеале да го направат нештото и учат повторувајќи одредена вештина повеќе пати. Затоа подобро би било да му речете: „Погледни што направи. Сам го набои цртежот!“.

8. Мене секогаш можеш да ми се обратиш за помош - Децата мораат да чувствуваат дека светот е сигурно место. Сигурното место е во крилото на родителите и тоа мора секогаш да биде достапно. Како што растат децата, сигурноста е тука, меѓутоа родителот мора да овозможи развој на самостојноста на детето.

9. Добро тоа го правиш, само продолжи - Премногу критика и коригирање не помага бидејќи и онака мораме самите нешто да пробаме да го направиме за да успееме. Така е и со децата. Затоа оставете го детето преку праксата да научи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот