X
 04.02.2015 Наука

Изгледот на Сонцето 8 милијарди години во иднината


Она што го гледате на сликата е остаток од ѕвезда многу слична на нашата. Таа се наоѓа на 3.000 светлосни години од нас и претставува одличен приказ за она што го очекува нашето сонце во иднината. Сончевиот систем ќе биде во неволја кога Сонцето ќе влезе во своите последни години.


Нашето сонце не е доволно големо за да стане супернова. Ѕвездите со маси од 0,8-8 пати поголеми од нашето сонце постепено растат за време на периодот на умирање и ги испуштаат надворешните слоеви во просторот околу нив. Резултатот, прекрасно прикажан од ѕвездата на Јупитер, е спектакуларен облак од прав, водород, хелиум и други гасови.

Токму така ќе изгледа и нашето сонце за 8 милијарди години.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука