Американската Агенција за развој во вселената - СДА (Space Development Agency) бара 11 милијарди долари за да распореди до 1.200 сателити во ниската орбита за да може да ги следи и таргетира непријателските хиперсонични оружја.
Сателитите се дел од поголема иницијатива чија цел е да ги следи новите видови хиперсонично оружје развиено од страна на Русија и Кина. Според агенцијата, парите ќе одат за исполнување на неисполнетите приоритети потребни за превенција на непријателите да не бидат во воена предност пред САД.
Тие стотици сателити наводно на крајот ќе формираат седум слоја на соѕвездија. Поголемиот дел од буџетот ќе оди за зајакнување на постојните сателити што ќе ја оформат основата на планираната
мрежа.
Буџетот веројатно ќе зачуди многумина. СДА сè уште е мала и на тие 27 члена ќе им треба политичка поддршка за да обезбедат понатамошни финансии.
СДА беше формирана во март и почна бавно со почетен буџет од 150 милиони долари. Минатиот месец нејзините лидери предложија зголемување на околу 259 милиони долари за фискалната 2021 и потоа скок на 1,1 милијарда за 2022, 1,9 милијарда за 2023, 3,67 милијарди за 2024 и 3,68 милијарди за 2025
година.