X
 15.03.2016 Образование

Со оружје на предавања

Во август оваа година во сојузната американска држава Тексас на сила стапува закон според кој ќе биде дозволено да се внесува оружје во кампусот на државните универзитети. На приватните е оставено сами да одлучат дали ќе го дозволат ова или не.


Тоа значи дека, доколку сте постари од 21 година и имате дозвола за носење оружје, истото може да го носите на предавања, со тоа што не смеете да го држите на видно место.

Фриц Стајнер, декан на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Тексас, дал оставка од својата позиција поради стапувањето на сила на законот, пренесува „Кварц“.

- Доколку останам на оваа позиција, од мене се очекува да бидам одговорен за спроведување на закон кој не го поддржувам - изјавил тој.

Факултетскиот персонал во оваа држава моментално посетува тренинг за опасностите од наоружаните студенти.

- Ова е грозна ситуација. Престрашени сме бидејќи мора да го смениме начинот на кој подучуваме. Уверем сум дека никој кој работи во високото образование не се согласува со оваа одлука - изјавил Џонатан Сноу, претседател на Сенатот на универзитети во Хјустон.

Инаку, носењето оружје на универзитетски кампус е дозволено во 8 сојузни држави, а забрането во 21 сојузна држава во САД.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование