Изминатиот месец беше изјавено дека научниците во опсерваторијата за гравитациски бранови накратко наречена ЛИГО откриле гравитациски бранови. Со ова се потврди теоријата на Ајнштајн која тој ја претставил пред еден век. Со ова започна нова ера на научното истражување - ера во која може да учествувате и вие.
Einstein@Home е скринсејвер кој работи додека компјутерот одмора. Како што известува „Гизмодо“, програмата скенира податоци од опсерваторијата кои биле собрани од септември до јануари. Потоа резултатите се испраќаат назад до заеднички сервер.
Едноставно кажано, програмата бара сигнали кои се послаби од оние кои ги забележале научниците во опсерваторијата изминатата година (за што дознавме изминатиот месец). Изворот на овие помали сигнали не би бил судар на црни дупки, туку нешто како движење на ѕвезди.
Според интернет-страницата, волонтерите користејќи ја програмата веќе откриле околу 50 нови неутронски ѕвезди.
Посетете ја
интернет-страницата за да започнете со придонесување.