X
 24.03.2016 Образование

Најважната домашна задача која треба да ја направи детето

Многумина сметаат дека домашната задача е бескорисна за најмалите ученици. Поголемиот дел од учениците на помала возраст ја пишуваат домашната задача бидејќи мораат.


Ерин Свитен од „The Huffington post“ пишува: „Како стигнавме до точката кадешто е нормално да ги принудуваме нашите деца да седат и пишуваат или да работат на компјутер цел ден, а потоа да ги принудуваме да го прават истото дома?“

Наместо бескорисните домашни задачи, таа предложува поинаква домашна задача кое одговара на секое дете во секоја локација. Таа им предложува на родителите да им зададат лист со задачи на своите деца, кои тие мора да ги направат во текот на денот.

Листата со задачи изгледа вака:

1. Трчање и играње надвор;
2. Готвење;
3. Создавање уметнички проект;
4. Завршување домашни обврски;
5. Учење нова вештина;
6. Правење научен експеримент;
7. Користење на имагинацијата со пријателите и браќата и сестрите;
8. Читање;
9. Градење нешто;
10. Свирење инструмент;
11. Помагање некому во нешто;
12. Спортување;
13. Пеење и танцување;
14. Измислување нешто;
15. Организирање претстава;
16. Пишување нешто креативно;
17. Молење или правење друга духовна активност.

Зарем овие домашни задачи навистина не се пореалистични?


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование