22.01.2019
Живот
Предлог-закон на Филипините: Деветгодишници да бидат казнено-одговорни
Предлог-законот за намалување на возраста за казнена одговорност на 9-годишни деца на Филипините предизвика критики од страна на организациите за човекови права и законодавци кои предупредуваат дека тој потег може да им наштети на децата наместо да им помогне.
Одборот на Претставничкиот дом поддржа предлог-закон за намалена возраст за казнена одговорност од 15 на девет години старост.
Сенатскиот одбор денеска ќе го разгледува законот и голем број сенатори веќе изразија загриженост за законот за кој сметаат дека повеќе ќе им наштети отколку што ќе ги заштити од криминалните групи што ги регрутираат.
Здружението за човекови права „Карапатан“ порача дека законот ќе наведе милиони деца „под поголема опасност да бидат криминализирани и стигматизирани за целиот живот“.
Поднесувачите на законот велат дека тоа е поради алармантно зголемениот број на криминалци што користат малолетници за криминални дела.
Извор: МИА