Невработените евиденирани лица- активни баратели на работа, кои се заинтересирани за учество во обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, имаат можност да се пријават најдоцна до 31 јули годинава во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица. Лицата вклучени во обуките ќе добиваат и месечен надомест од 6.200 денари. Искуствата покажуваат дека над 50% од лицата кои поминале обука потоа биле веднаш вработени.
Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки- приватни компании, стопански и занаетчиски комори, средни стручни учулишта и други верификувани спроведувачи на обуки.
Обуките се однесуваат на следните занимања и градови:
Шивач – Скопје и Прилеп,
Кројач – Скопје,
Келнер – Скопје и Битола,
Готвач – Скопје и Битола,
Пекар – Скопје,
Рецепционер – Скопје,
Бравар – Велес,
Заварувач – Велес и Битола,
Столар – Скопје и Куманово,
Ѕидар – Битола, Штип и Струмица,
Гипс-монтер – Штип и Струмица,
Дом мајстор – Скопје,
Ракувач со градежна механизација – Битола и Струмица,
Сервисери за машини за шиење – Штип и Берово,
Фризер – Скопје, Битола, Тетово, Штип, Струмица и Струга,
Изработувач и монтажер на градежна столарија – Куманово, Струмица, Штип и Битола,
Нега на стари лица – Скопје, Битола, Крушево, Струга, Штип, Струмица, Куманово, Кавадарци, Радовиш,
Стаклопластичар – Струга,
Металостругар – Скопје,
Металоглодач – Скопје,
Гумар – Скопје,
Фасадер – Скопје, Штип, Битола, Струмица,
Слаткар – Скопје,
Монтер и инсталатер на сончеви панели – Скопје,
Службеник во книговодство – Скопје, Куманово,
Туристичко-агенциски службеник – Скопје,
Шминкер – Битола, Тетово,
Педикир / маникир – Битола, Струга, Штип,
Козметичар – Скопје, Битола,
Филигранист – Скопје,
Изработувач на накит од злато – Скопје и
Млекопроизводител во Свети Николе.
На корисниците на социјална помош за времетраење на обуката ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30 Центри за вработување на РМ, контакт телефон 02/3298-297 и веб страната
www.avrm.gov.mk.