Финската влада одлучи да не го продолжува пилот-проектот за исплата на основниот приход, кој привлече внимание во целиот свет.
Во моментов околу две илјади невработени Финци месечно добиваат исплата од 560 евра како основен приход.
- Желбата на владата да продолжи со финансирање исчезнува. Одби тоа дополнително да го финансира - изјави Оли Кангас, еден од авторите на експериментот.
Некои на основниот приход гледаат како на начин невработените да се вработат привремено. Главен аргумент беше дека ако им се исплаќа на сите без исклучок, основниот приход ќе гарантира сигурност. Тоа би можело да помогне за сѐ поголемата несигурност на работниот статус.
Фото: B92
Поддржувачите велат дека основниот приход ќе ја зајакне мобилноста на пазарот на трудот бидејќи луѓето и понатаму би остварувале приходи меѓу работите.
Финска го започна овој пилот-проект во јануари 2017 година, како прва европска земја што го тестира безусловниот основен приход. Случајно беа одбрани 2.000 учесници, сите невработени. Но, проектот нема да биде продолжен по оваа година, а владата сега испитува други можности за реформа на системот на финската социјална заштита.
- Малку сум разочаран што владата реши да не го прошири проектот - истакнува професорот Кангас, истражувач од Институтот за социјално осигурување.
Тој додава дека владата го одбила барањето на Институтот за дополнителни 40 до 70 милиони евра за финансирање на основните приходи за група вработени
Финци.
Резултатите од двегодишниот пилот-проект ќе бидат објавени кон крајот на 2019 година.