Бројот на верници низ светот е опаднат. Во Норвешка за прв пат бројот на оние кои не веруваат во Бог го надмина бројот на верници.
Дури и Америка бележи се` поголемо опаѓање на верниците па неодамнешното истражување покажува дека бројот на атеисти во последните 25 години двојно се зголемило, а бројот на оние кои повеќе не се молат се зголемил за пет пати.
Според истражувањето на „Gallup“ во ови земји живеат најголем број на атеисти.
Кина
Помеѓу 40 и 49.9% од населението во Кина се сметаат за атеисти. Комунистичката партија на власт е од 1949 година, а религиските движења биле на удар на власта во текот на 27-годишното владењее на Мао Це-тунг.
Јапонија
Околу 30% од Јапонците за себе велат дека се „тврдокорни атеисти“. Религијата во Јапонија со векови е центрирана околу шинтоизмот кој не го прифаќа концептот за „сеприсутен бог“.
Чешка
Заедно со Норвешка, ова е една од најатеистичките европски земји со 30 до 39% атеисти.
Се претпоставува дека намалувањето на поддршката на традиционалните црквени религии биле последица на силниот национализам во 19-от и 20-от век.
Франција
Најмалку една петтина од Французите не веруваат во Бог. Слично како и Кина, Франција во минатото барала начин како да го намали влијанието на религиозните институции.
Австралија
Во Австралија живеат помеѓу 10 и 19% атеисти, иако земјата има долга традиција на секуларна власт.
Исланд
Иако голем дел од населението на Исланд се смета за лутерани, мал број на жители практикуваат религија, а останатиот дел се сметаат за атеисти.