Нема место на планетата каде времето е совршено, но според различни критериуми, овие земји се блиску до тоа.
„Хафингтон пост“ пренесува интересни записи во врска со времето и погледите на прекрасната природа.
Најдобар снег - Јапонија
Благодарение на поволната
географска положба во океанот, надморската височина и студениот воздух
што доаѓа од североисточна Азија, Јапонија има многу убав снег.
Најповолни температури - Еквадор
Државата што е во вечна пролет не се нарекува вака без причина - на западот во оваа земја, просечната температура изнесува околу 25 степени. Освен тоа, жителите на оваа земја уживаат во сончеви денови.
Најмногу сончеви денови - Јума, Аризона
Како што е наведено во Гинисовата книга на рекорди, Јума,
град во Аризона, е најсончевиот град на планетата со дури 11 часа сонце на ден или околу 4.000 часа сонце годишно.
Најмалку врнежи од дожд - Намибија
Во пристанишниот град Свакопмунд секоја година паѓа помалку од 2,5 сантиметри дожд на метар квадратен, а дневните температури достигнуваат во просек околу 20 степени.
Фото: Freepik
Најповолна влажност на воздухот - Кипар
Иако температурите се високи, Кипар има свеж и пријатен воздух.
Тропски рај - Бразил
Ако ви се допаѓа амазонските прашуми, делот што се наоѓа на територијата на Бразил е совршен за вас. Дури 60 отсто од површината на Амазон е на бразилска земја.
Најмалку ветер - Демократска Република Конго
Лоцирана во срцето на Африка, оваа земја се соочува со најмалку ветер во светот.
Најѕвездено небо - Канарски Острови
Ако погледнете на небото во близина на брегот на Западна Африка, ќе видите свод што ги истакнува ѕвездите. На Канарските Острови ќе можете да користите еден од многуте телескопи во опсерваторијата „Национален парк Табуриенте“ и да уживате во погледот.
Фото: Freepik
Најчист воздух - Исланд
Малата густина на населението, изобилството шуми и строгите закони за загадување придонесоа Исланѓаните да дишат со полни бели дробови.
Извор:
Huffpost.com
Фото:
Instagram