X
 25.03.2016 Наука

Зошто вашите очи се измамени од оваа оптичка илузија?

Коцките „А“ и „В“ во сликата долу имаат иста боја. Сепак, доколку им верувате на сопствените очи повеќе отколку на овие напишани зборови, вие ќе ги гледате како различни. Има неколку едноставни тестови и научни принципи кои ќе ви помогнат да воочите дека вашите очи ве лажат.


Оваа оптичка илузија, како и многу други, функционира поради начинот на кој мозокот ги разбира контрастите и сенките. Човековиот мозок користи реалтивни бои и сенки за да ја одреди бојата на предметите на една слика (но и во реалноста).

Во оваа илузија, до мозокот стигнува информација дека сликата е осветлена од еден извор на светлина кој доаѓа од децно. Изворот остава сенка на таблата, со што сите коцки кои се во сенката изгледаат потемни, но не толку темни за посветлите и потемните коцки да се непрепознатливи.

Коцката „А“ сè уште изгледа потемно од коцката „В“. Но, не е.

„Корнсвитовиот ефект е оној кога две спротивни нијанси кои се сретнуваат на граниица прават физики идентични региони да изгледаат различно светли“, според „American scientist“.

За да ја тестирате илузијата, односно да проверите дали навистина вашите очи ве лажат, отворете „Photoshop“ или било која друга програма за уредување фотографии со која може да извадите бои од одредена слика. Така ќе откриете дека двете коцки имаат иста боја.

Доколку сè уште им верувате на своите очи, гледајте го видеото подолу.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука