Тоа што прво ќе го видите на оваа слика, кажува колку е перверзен вашиот мозокот.
Најневините ќе забележат девет делфини.
Оние што се опседнати со секс ќе видат двајца љубовници во занес.
Авторот на сликата, Сандро дел Прете, на неговата веб-страница, Impossible world, го објави насловот на делото – Љубовна порака од делфини ('Message d’Amour des Dauphins').
Причината што мозокот речиси симултано може да види две слики, се должи на еднакво веродостојната визуелна информација што ја прима.
Вашата меморија го детерминира изборот на првата слика што ќе ја забележите, а мозокот како да користи краток код за да ја трансформира визуелната информација што ја прима окото, во сликата што ја препознавате.
Според тоа, помладите што виделе помалку разголени жени за разлика од повозрасните, прво ќе ги забележат делфините, што возрасните ги превидуваат за сметка на парот љубовници во занес.
Когнитивните психолози ги проучуваат оптичките/визуелни илузии, бидејќи им помагаат да разберат како мозокот ги обработува реалистичните слики.
На овој линк, можете да гласате што забележавте прво на сликата и да видите која група на луѓе е побројна: перверзните или невините :)