X
 27.06.2016 Наука

Сликата која ќе ви го измами мозокот

Ги знаете оние видеа кои треба да ги гледате долго и потоа кога ќе видите слика без боја, вие ја гледате во боја поради оптичката илузија? Како функционираат тие?


Додека гледате во сликата, светлината отскокнува од неа и удира во вашата мрежница. Клетките во мрежницата кои се одговорни за примање различни бои се изморуваат кога се гледа во една слика подолго време и престануваат да испраќаат сигнали до мозокот.

Она што останува е релативно зголемена активност во останатите клетки одговорни за обратните бои. Затоа, ако потоа видите во слика без боја на неа ќе ги видите боите кои се на другата страна од спектарот во споредба со боите во кои сте гледале.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука