Џејми Скот направи прекрасно тајмлепс видео кое го прикажува почетокот на зимата, а за тоа му биле потребни пет години.
Џејми употребил снимки од дронови за да ги сними снежните врнежи на големи области кои потоа ги монтирал.
Притоа наишол на многу тешкотии.
- На пример, мразот на прозорците, мразот на пајажните и замрзнатите водопади можат да создадат прекрасни формации слични на кристали, но тие никогаш не се случуваат двапати по ред, а тоа ми требаше за да можам да ја планирам снимката - објаснува тој.
Исто така, голем предизвик биле макроснимките од лисја со мраз бидејќи Скот морал да се фокусира на нешто што сè уште не се појавило. Но, тој почнал да учи како замрзнуваат одредени предмети.
- Овие елементи можат да се формираат за неколку секунди до неколку минути. Научив дека еден голем водопад полека ќе почне да замрзнува во текот на неколку недели, но моментот кога ќе се претвори во цврст мраз може да се случи за неколку минути - вели тој.
Извор:
Petapixel.com
Фото: Screenshot