Ученицитее кои неодамна го направиле тестот PARCC (Partnership for Assessment of Readiness for College and Careers) постигнале доста ниски резултати кога го направиле тестот на компјутер, отколку кога го правеле тестот на хартија со молив.
Ова можеби не е толку важно ако резултатите од овие тестови играа минимална улога. Но, резултатите од тестовите се користат за целите на федерално, државно и локално ниво. Во некои држави, тестот игра голема улога во дипломирањето на студентите и во евалуацијата на наставниците и директорите на училиштата.
Прашањето е, дали начинот, односно методот на тестот всушност влијае врз резултатите на тестот
Ги имам истражувано факторите кои влијаат врз ефикасноста на тестот, кога учениците пишуваат есеи. Есеи напишани на хартија, со молив или пенкало или есеи напишани на компјутре. Врз основа на истражување на кое бев ко-автор во 2011 година, одговорот на прашањето е да. Но, постојат неколку ограничувања.
За разлика од резултатите од PARCC тестот, откривме дека учениците кои пишуваат на компјутер имаат повисоки резултати од учениците кои пишуваат на хартија со пенкало или молив. Но, овие откривања не се однесуваа за сите ученици. Учениците со мало искуство во користење на компјутер имале повисоко резултати кога пишувале со молив.
Во изминативе 5 години, партнерства помеѓу две американски држави, финансирани од федералната програма „Race to the top“ биле задолжени за развивање на проценките за утврдување дали учениците биле подготвени за факултет и за светот на работата. Голем дел од државите, но не сите, се согласија дека да ги користат овие тестови за проценување на академскиот напредок на учениците во различни оценки низ училишните години.
Учениците имале повисоки поени во англискиот јазик и јазичните вештини додека го правеле PARCC тестот на хартија наспрема тестот на компјутер. Спротивно на тоа, добив многу различни резултати во мојата рецензија за седумте научни истражувања кои влијаат врз резултатите од тестот. Перформансите на учениците за пишување на компјутер било за 21% повисоко во споредба со учениците кои пишувале на хартија со молив.
Дотогаш, друга рецензија која ја спроведовкај 18 научни истражувања ги најде истите тие 21% предност за пишување кога учениците користеле компјутер за пишување.
Но, зошто постојат разлики помеѓу PARCC тест резултатите? Веројатното објаснување лежи во искуството на учениците со методите на тестирање.
Компјутерите можат да ги потценат достигнувањата во пишувањето.
Учениците со мало искуство во користење на компјутери имале 18% пониски поени отколку кога ги пишувале поените на хартија. Со други зборови, усовршувањето на ученикот во методот на правење на тестот е многу важно. За учениците со мало искуство, компјутерските проценки го потценуваат нивното постигнување во пишувањето.
За да се долови како методот на тестирање може да влијае врз перформансите на пишување, замислете дека од вас се бара да напишете нешто за тест користејќи кинеска машина за пишување. Ова е доста комплексна алатка за пишување дизајнирана да создаде 6.000 знаци. Брзината на пишување е 11 знаци во минута.
Дури и ако го постигнете реперот, нема да можете да напишете доволно брзо за да ги преточите сите ваши мисли на хартија пред некои од идеите да заминат од меморијата. Ако не сте експерт за пишување на оваа машина, тогаш проблемот е уште полош. Како што ќе го барате следниот знак, вашата меморија ќе губи уште повеќе.
Како што и самиот пример илустрира, методот на тестирање може да се измеша со ефикасноста на учениците. Доколку ученикот не е доволно запознаен со алатката за тестирање, тогаш времето и енергијата ќе ги потроши за откривање како се користи. Време и енергија кои би можел да ги искористи за решавање на прашањата.
Овие видови на проблеми не се ограничени на тестовите направени на машина за пишување или компјутер, и може да се случи и кај тестовите на хартија. Ракописот на учениците не е секогаш доволно брз за тие да стигнат да ги напишат сите идеи. Ова е особено голем проблем за студентите на факултет.
И читливоста на одговорите може да влијае врз резултатите од тестовите. Одговорите на тестовите кои се помалку читливи можат да ја намалат оценката за 35%.
Кои методи за тестирање треба да ги користат училиштата? Дали треба да ги напуштат методите со пишување на компјутер?
Она што училиштата треба да го направат е на учениците да им дозволат сами да го изберат методот на тестирање. Сепак, ова има мала веројатност да се случи. Затоа, една од алтернативите е тестовите како PARCC статистички да се прилагодуваат резултатите за да се одразат разликите помеѓу методите на правење на тестовите.