X
 30.03.2016 Технологија

Нова технологија од Microsoft овозможува телепортирање со холограми

Фанатиците на научната фантастика не би требало да очекуваат технологија за вистинско телепортирање наскоро, но истражувачите од „Microsoft“ создале нешто што е приближно фасцинантно.


Имено, „Engadget“ пишува дека компанијата неодамна објавила демо-снимка од „холопортација“ во која се гледа како корисниците на „Holo Lens“ може да комуницираат преку 3-д холограми.

„Holo Lens“ беше претставена од компанијата изминатата година, а тоа е уред за аугментирана реалност кој може да се користи за подобрување на искуството при гледање програми или играње игри. Последната демонстрација на технологијата од „Microsoft“ покажува како таа би можела да го промени начинот на кој комуницираме во иднина.

Технологијата функционира со помош на 3-д камери кои го снимаат предметот или лицето кое стои во просторијата од повеќе агли. Моделот кој се добива се „телепортира“ во собата во која е личноста која носи „Holo Lens“.

Технологијата може да се користи за комуницирање во реално време или за снимање и гледање подоцна. Холограмите може и да се намалат доволно за да ги собере на маса.

Технологијата сè уште е во фаза на прототип. Во продолжение погледнете го видеото кадешто се демонстрира технологијата.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија