X
 18.04.2022 Технологија

НАСА проектирала холограм на Меѓународната вселенска станица

Медицински тим бил „испратен“ на Меѓународната вселенска станица како холограм, известиле од американската вселенска агенција НАСА. Ова се случило кон крајот на изминатата година со помош на технологија од „Мајкрософт“ и стартап-компанијата „Аекса ероспејс“.

Лекарите биле првите луѓе што биле испратени како холограм во вселената.


Фото: NASA

- Ова е сосема нов начин на човечка комуникација преку големи дистанци. Освен тоа, ова е сосема нов начин на човечко истражување, со кој луѓето може да патуваат надвор од планетата - изјавил хирургот Џосеф Шмид, еден од докторите што учествувале во проектот.

„Мајкрософт“ работи на технологијата за холограми од 2016 година. За да функционира, потребна е специјална камера од компанијата и софтвер од „Аекса ероспејс“.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: NASA
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија