Германскиот „Циркус Ронкали“ е првиот циркус во светот што ги замени животните со холограми, што и не е помалку спектакуларно.
Овој циркус постои со децении, но управата неодамна одлучи да ги замени животните со 11 проектори и ласери. Сите тие се стратешки поставени на различни места во салата, така што проектираат реални холограми на животни.
Целта на овој потег, како што соопшти раководството, е похуман однос и третман на животните.
Извор: МИА