X
 30.03.2016 Култура

Проблемот на Турција

Претставници од туристичкиот сектор во Турција сметаат дека 2016 година ќе биде полоша од предвидувањата кои се наречени „најлошите можни сценарија“.

 

турција


Претседателот на Стопанската комора на Анталија, Давут Четин изјавил дека Русите повеќе не ја посетуваат Турција, а во постојан пад е и бројот на туристи од Германија и други европски земји, после серијата терористички напади во Турција.

Својот годишен состанок, кој требало да се одржи во Турција, го откажало и Здружението на германски туристички организации.

„Ако тие откажуваат, тогаш не можеме да сметаме на германските туристи“, вели Хачисулејман.

Поради малиот број на туристи се очекува и намалување на бројот на вработени. Само во Анталија околу 100.000 луѓе би можеле да ги изгубат своите работни места поради тоа што многу хотели би останале затворени.

Само во февруари, бројот на странски туристи во Турција е намален за 10%, што е најголемиот пад во последнава деценија.

Минатиот месец, бројот на странски туристи во Турција се намалил за 10.32% на годишно ниво, што според турското министерство е најголемиот пад од октомври 2006 година. Покрај тоа, туристичкиот сектор на Труција трпи последици и поради заладените односи со Русија која е традиционално водечкиот извор на туристичките приходи во Турција.

И бројот на македонски туристи во Турција е намален.

„Бројот на македонски туристи изминатиов период значително е намален доколку се направи споредба со бројот од минатата година“, известува една туристичка агенција.

Економистите прогнозираат дека приходите во Турција од туризмот ќе паднат за четвртина оваа година. Претседателот на Здружението на хотелиери на Медитеранот Јусуф Хачисулејман изјавил дека според претходните предвидувања, пресметана е загуба од околу 8 милијарди долари.

„Сега направивме нови проценки и пресметавме дека износот на загубата ќе биде од околу 12 милијарди долари“, вели тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура