X
 16.11.2015 Технологија

Апликација која ја штеди батеријата на телефонот



Најновата верзија на „Андроид 6.0 Маршмелоу“ моментално се наоѓа на многу малку уреди, но една од нејзините најдобри функции е тоа што може да се користи и на постарите телефонски модели благодарејќи на една апликација наречена „Doze“.

Доколку имате верзија од најмалку „Андроид 4.1“, може да ја користите апликацијата. Името на апликацијата е поврзано со нејзината функција, што е штедење на батеријата додека телефонот е во „sleep mode“.

Апликацијата ги блокира сите апликации кои имаат дозвола да работат во позадина кога екранот е исклучен, а со тоа до продолжува траењето на батеријата, пренесува „Techno buffalo“.

Апликацијата може да ја активирате и дезактивирате со само еден клик. Апликацијата е бесплатна и може да се преземе од „Google play“.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија