Рејмонд Томлинсон, човекот кој ја измисли електронската пошта, почина порано месецов. Томлисон е човекот кој го претстави симболот @ во електронската комуникација. Секогаш кога некому ја давате својата електронска адреса, го користите овој симбол.
Томлинсон не го измислил симболот, но не се знае точно кој го измислил. Симболот започнал да се појавува за време на Ренесансата како начин за претставување цена за единица. Стотици години, симболот најмногу се користел од страна на трговците и никој друг. Во 1971, Томлинсон го позајмил симболот и му го дал значењето „лоцирано во“ во електронска адреса. Вака го користиме симболот и денес.
Во САД, овој знак го читаат „ет“ (англ. at). Но во другите делови од светот, па дури и кај нас, тој се чита поинаку.
Италијанците гледаат мал полжав. Овој симбол во Италија се нарекува chiocciola, односно полжав.
Унгарците гледаат црв. На унгарски, симболот се нарекува kukac, што значи мал црв.
Ерменците мислат дека симболот личи на мало кутре, па затоа го нарекуваат ishnik, односно кутре.
Германците го нарекуваат klammeraffe, односно пајак-мајмун.
Холанѓаните, исто така гледаат мајмун во симболот, но не специфичен. Тие го нарекуваат apestaart, што значу мајмуново опавче.
На
дански може да бирате животно - grisehale, што значи свињско опавче или snabel, односно сурла од слон.
Во
Тајван, симболот се нарекува 小老鼠, односно мало глувче.
Израелците имаат храна на ум кога ќе се спомене симболот. Името на симболот е שטרודל, односно штрудла.
На
шведски, симболот е kanelbulle, што значи крофна.
Кинезите, пак, симболот го пишуваат 花A, што значи цветно А.
Виетнам има две имиња за симболот, A còng, односно наведнато А или A móc, односно свиткано А.