Според анализата на „Nordeа“, банка со седиште во Стокхолм која работи во нордискиот и балтички регион, Европската централна банка би можела да си дозволи губење од 444 милијарди евра, што би одговарало на исплата од 1.300 евра на секој граѓанин во еврозоната.
Европската централна банка би можела да им исплати по 1.300 евра на сите граѓани во еврозоната доколку не се пронајде друг начин за поттикнување на инфлацијата, објавува „Nordeа“. Во Европската централна банка се оградуваат од идејата за исплата на готовина откако нивниот главен економист изјавил дека теоретски гледано, таа можност не е исклучена.
Во средишната монетарна институција во еврозоната веќе се трошат милијарди евра преку програми за квантитативно ублажување за да се поттикне економски раст и инфлација. Беноа Кор, член на извршниот одбор, изјавува:
- Да бидам искрен, мислам дека со тоа не би се постигнал посакуваниот ефект ако не се воспостави и одреден механизам на поделба на ризикот со владите, што пак може да се покаже како проблематично гледано од перспектива на праксата и законите.
Од друга страна, главниот аналитичар на „Nordea“, Јан Вон Герих посочува дека „пред само неколку години се чинело дека за Европската централна банка не доаѓа предвид ниту купувањето државни обврзници во рамки на квантитативното ублажување на монетарната политика. Актуелната ситуација сè повеќе покажува карактеристики кои поттикнуваат централната банка да проба нешто ново“.
Според
анализата на „Nordea“, Европската централна банка може да си дозволи губење 444 милијарди евра, односно доделување 1.300 евра на секој граѓанин во еврозоната.