Стапката на слободни работни места во Европската Унија и еврозоната во првиот квартал годинава е зголемена во однос на претходното тримесечје и во однос на минатата година, покажува известувањето од страна на „
Евростат“.
(
Фото: Pixabay)
Кај сите 28 земји-членки на ЕУ, сезонската неприспособена стапка на слободни работни места во првото тримесечје од 2018 година е зголемена на 2,2 отсто, со два проценти во претходното тримесечје, се наведува во најновиот извештај на „Евростат“. Претходно, во првото тримесечје минатата година стапката изнесувала 1,9 отсто.
Истовремено, во 19-члената еврозона стапката е зголемена на 2,1 отсто, со 2 отсто во претходното тримесечје и 1,9 отсто во првото тримесечје од 2017 година.
Гледано по сектори, на ниво на ЕУ во целост во секторот индустрија и градежништво стапката на слободни работни места изнесувала 2 отсто, додека во услужниот сектор – 2,4 отсто. Слична е ситуацијата и во еврозоната, каде што во секторот индустрија и градежништво изнесува 1,9 отсто, а во услужниот – исто така 2,4 отсто.
Меѓу земјите-членки на ЕУ, со чии податоци располагаше „Евростат“, далеку највисока стапка на слободни работни места во првиот квартал годинава имала Чешка – 4,8 отсто. Следуваат Белгија со 3,5 отсто и Германија и Шведска, каде што изнесувала по 2,9 отсто, како и Холандија и Австрија со по 2,8 проценти.
Најниски стапки на слободни работни места се забележани во Грција (0,7%), Шпанија и Португалија (0,9%), како и Бугарија и Ирска, каде што изнесувала 1%.
Во однос на истиот период лани, стапката на слободни работни места е зголемена во 16 земји-членки на ЕУ, кај осум земји останала непроменета, а кај четири се намалила.
На годишно ниво, стапката најмногу пораснала во Чешка, за 1,7 процентни поени, а следуваат Австрија (0,6%), па Латвија, Унгарија, Холандија и Словенија со зголемување од по 0,5 процентни поени.
Во Хрватска, Бугарија, Данска, Ирска, Литванија, Луксембург, Португалија и Финска, стапката останала непроменета на годишно ниво.
Од друга страна, таа се намалила за 0,3 процентни поени во однос на истиот период лани во Грција, во Естонија (0,2 поени) како и во Малта и Романија за 0,1 процентен поен.
„Евростат“ ги издвои Данска, Франција, Италија и Малта во посебна табела со оглед дека нивните податоци „не биле стриктно споредливи“.