X
 09.11.2019 Економија

Европска земја што знае дека три години по ред ќе биде во плус

Европската комисија прогнозира дека Германија ќе го задржи буџетскиот суфицит најмалку до 2021 година.

Комисијата вели дека дефицитот на Франција ќе биде над пропишаниот праг на Европската Унија во оваа година, а италијанскиот долг ќе продолжи да расте и ќе достигне ниво од речиси 140 отсто од бруто-домашниот производ.
Во своите квартални економски прогнози официјален Брисел оцени дека 19 членки на еврозоната ќе ја задржат неутралната фискална позиција во оваа и во наредната година и покрај континуираните повици на Германија и другите побогати држави да се потрошат повеќе средства во борбата против долготрајното економско забавување.

И покрај влошените изгледи за раст, Германија оваа година треба да задржи голем буџетски суфицит од 1,2 отсто од БДП. Суфицитот ќе се намали на 0,6 отсто наредната, а во 2021 година ќе биде 0,2 отсто, предвидува комисијата.

И Холандија ќе биде меѓу членките на еврозоната што ќе можат да издвојат повеќе ресурси, и оваа година ќе регистрира суфицит од 1,5 отсто од БДП, наредната 0,5 отсто, а во 2021 година 0,4 отсто.

Јавниот долг на Италија, која веќе има најголем долг во ЕУ, ќе се искачи на 136,2 отсто од БДП во оваа година, а во наредната ќе се зголеми на 136,8 отсто. Во 2021 година ќе достигне 137,4 отсто од БДП.

Франција, чиј долг е близу 100 отсто од БДП, исто така оваа година ќе потроши повеќе и се очекува да се зголеми буџетскиот дефицит на 3,1 отсто од БДП, што е над прагот на ЕУ од 0,3 отсто.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија